Астероид со дијаметар меѓу 304 и 740 метри наскоро ќе помине покрај Земјата.
Преминот на астероидот се очекува на 1 ноември, а за споредба, One World Trade Center е висок 546 метри, додека висината на Бурџ Калифа е 828 метри.
Астероидот е откриен на 12 септември оваа година од телескопот Pen-STARRS2 на Хаваи и со помош на неговите набљудувања, како и набљудувањата на опсерваторијата Стјуард на Универзитетот во Аризона во октомври, била утврдена неговата траекторија.
Астероидот е означен како 2022 RM4 и патува кон Земјата, но не е закана. Се движи со брзина од 83.761 km/h и ќе помине покрај Земјата на 1 ноември на растојание од 2.297.822 километри.
Астероидите се многу мали кога станува збор за вселената и лесно можат да ја променат својата орбита и да бидат на пат на судир со планета. Астероидот 2022 RM4 е релативно блиску до нашата планета со оглед на обемот на Сончевиот систем, но шансите да се судри со Земјата се неверојатно мали.
Една од причините зошто астероидот е особено интересен е тоа што неодамна беше откриен, што покажува дека проучувањето на астероидите блиску до Земјата сè уште не е завршено.
Ако поради која било причина таков астероид би удрил во Земјата (а шансите се една на 100.000 години во зависност од големината на астероидот), неговиот ефект би зависи од неговата големина, брзина и агол на удар. Доколку таков астероид би се судрил со Земјата, штетата би била значителна.
„Ударот на астероид со дијаметар од 740 метри би бил еднаков на силата на 30.000 мегатони ТНТ, би се создал кратер со големина од 10 километри, кој би бил длабок 600 метри, а резултатот би бил земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала.