Придружувањето на Meet видеоповиците сега е значително полесно, благодарение на новата функција што ќе им овозможи на корисниците да се придружуваат директно од Google Docs, Sheets или Slides.

Ажурирањето на Google Workspace им овозможува на корисниците да се приклучат на видео конференции со само еден клик, што значи дека тоа не мора да се прави преку покани во календарот или е-пошта.

Во иднина, корисниците на Google Docs ќе имаат нова икона до копчето „Share“, што ќе им овозможи да се приклучат на видеоповикот на Meet директно од нивниот документ.

Новиот таскбар ќе прикаже комплетна листа на сите видео повици и состаноци поставени од корисникот, заедно со времиња и датуми, а копчето „join“ ќе се прикаже кога состанокот е достапен во живо.

Google Meet наскоро ќе добие нов мод picture-in-picture, кој ќе им овозможи на корисниците на Chrome да повикаат лебдечки прозорец за состаноци, сместен над другите табови во прелистувачот.