Неодамна, Google ја претстави серијата Pixel 7 со одредени подобрувања во однос на серијата Pixel 6. Веќе имаше некои извештаи за проблеми со Pro моделот, а сега доаѓа ново разочарување кога станува збор за овој телефон.
Додека Pixel 7 и Pixel 7 Pro може да се пофалат со импресивни камери (особено кај моделот Pro), на телефоните им недостасуваат други аспекти – првенствено перформансите.
Имено, Pixel 7 Pro сега го помина тестот за играње Genshin Impact, каде телефонот забележа разочарувачки резултат.
Pixel 7 Pro во гореспоменатиот тест, спроведен од Golden Reviewer, не успеа да се совпадне ниту со водечките телефони од минатата година напојуван од чипот Qualcomm Snapdragon 888. За да бидат работите уште полоши, телефонот постигна полош резултат од Poco F3 со Snapdragon 870.
Numbers don’t lie and the Tensor G2 is just not powerful or efficient at all. Google should feel ashamed for releasing an Exynos2100 remake in late 2022!
Pixel 7 Pro Genshin Impact Gaming FPS Test https://t.co/dRZwIhBB1C via @YouTube #Pixel7Pro #GenshinImpact pic.twitter.com/jNuedSf0Yb— Golden Reviewer (@Golden_Reviewer) October 14, 2022
Според тестот, телефонот има просечна стапка на слики од 37,2 FPS. За споредба, iPhone 14 Pro Max има 58,4 FPS, Xiaomi 12S Ultra има 57,7 FPS, а Redmi K50 Pro напојуван со Dimensity 9000 има просечна стапка на слики од 52,9 FPS. Гореспоменатиот Poco F3 има 46,5 FPS.
Изгледа дека новиот Tensor G2 чип е убедливо најлошиот премиум чип оваа година, барем кога станува збор за перформансите на игри.
За жал, телефонот не ги надополнува разочарувачките перформанси со голема ефикасност. На пример, стапката на слики паѓа од 59 FPS на околу 40 FPS за само 30 секунди тестирање.
Во овој момент, работите се очигледни: Google Pixel 7 и Google Pixel 7 Pro не се идеални телефони за играње. Барем не засега.
Поврзани артикли