Вселенскиот телескоп James Webb на НАСА ги фотографираше култните Столбови на создавањето, местото каде што се формираат нови ѕвезди во густи облаци од гас и прашина.

Столбовите на создавањето се прикажани во 3D и изгледаат како прекрасни карпести формации, формирани од студениот меѓуѕвезден гас и прашина што повремено изгледааат полупроѕирни.

„Столбовите на создавањето“ фотографирани од Hubble (лево) и James Webb (десно)

Вселенскиот телескоп Hubble прв ги фотографираше Столбовите на создавањето во 1995 година, но новата слика од телескопот James Webb ќе им помогне на научниците да ги ревидираат претходните модели на формирање на ѕвезди со попрецизен број на ѕвезди и нови мерења на количината на гас и прашина.

Глетката е навистина неверојатна.