Сите апликации, како и онлајн верзијата на услугата, исто така се менуваат.

Уште во 2020 година, Microsoft објави дека ќе го промени името на претплатата за Office 365 во Microsoft 365, потврдувајќи дека ќе стане повеќе од само апликација за деловни корисници.

Компанијата сега го отфрла остатокот од брендирањето на Office како дел од новото ажурирање.

„Во следните месеци, Office.com, Office мобилните апликации и Office апликациите за Windows ќе станат апликации на Microsoft 365, со нови икони, изглед и уште повеќе функции“, објаснуваат од компанијата.

Во моментов, може да се пристапи до Word, Excel и други апликации на Microsoft преку интернет страницата Office.com, но наскоро ќе биде преименуван во Microsoft365.com – со ново лого.

Промените ќе се случат следниот месец, а апликациите на Office за Windows, MacOS, iOS и Android ќе бидат ребрендирани во јануари следната година.

Имињата на апликациите нема да се менуваат, така што ќе продолжиме да користиме Word, Excel, PowerPoint, Teams, Outlook, Clipchamp, Stream и Designer.

Ќе има и Microsoft 365 апликации за мобилни уреди и десктоп, кои ќе служат како централизиран „хаб“ за информации, прикажување на состаноци, датотеки, документи и други содржини.

Microsoft додаде дека нема да има промени во претплатата на Office 365.