Основачот на Telegram, Павел Дуров, на својот канал на Telegram предупреди дека WhatsApp е алатка за надзор веќе 13 години и дека луѓето треба да ја избегнуваат оваа апликација. Дуров рече дека секоја година има проблем со WhatsApp што ги става на ризик податоците на неговите корисници.
„Не ги терам луѓето да се префрлат на Telegram. Со 700 милиони активни корисници и 2 милиони дневни регистрации, на Telegram не му треба дополнителна промоција. Можете да користите која било апликација за пораки што ја сакате, но држете се настрана од WhatsApp која е алатка за надзор веќе 13 години“, рече Дуров на својот канал.
Дуров рече дека хакерите би можеле да имаат целосен пристап до сè на телефоните на корисниците на WhatsApp поради безбедносен проблем што платформата го откри минатата недела. Сè што треба да направи хакерот за да добие пристап до сите податоци на телефонот е да испрати злонамерно видео или да започне видео повик.
Дуров рече дека ако некој мисли дека ажурирањето на WhatsApp на најновата верзија ќе ги направи нивните податоци безбедни, тоа всушност не е така. Тој додаде дека сличен проблем бил откриен во 2017 и 2018 година, потоа во 2019 година и повторно во 2020 година. Пред 2016 година WhatsApp воопшто немал шифрирање, потсети Дуров.
„Секоја година дознаваме за проблем во WhatsApp што става во опасност сè на уредите на нивните корисници. Што значи дека речиси сигурно веќе постои нова безбедносна грешка. Таквите проблеми тешко е дека се случајни, тие се подметнати во позаина. Ако се открие еде backdoor и мора да биде отстранет, се додава уште еден“, рече тој.
Основачот на Telegram изјави дека не е важно дали некој е најбогатиот човек на планетата – ако има WhatsApp на телефонот, сите негови податоци на уредот ќе бидат достапни, како што, на потешкиот начин откри мултимилијардерот Џеф Безос, сопственикот на Amazon.
„Затоа пред години го избришав WhatsApp од моите уреди. Ако го инсталирате, ја отворате вратата за влез во вашиот телефон“, рече Дуров.
Изјавата на Дуров доаѓа само една недела откако WhatsApp објави поправки за пропусти во апликацијата Android и iOS што би можело да им овозможи на хакерите да ја преземат контролата врз апликацијата и уредот.