Иако ова ќе го спречи примачот на содржината да ја зачува на телефонот на кој ја примил, тоа не значи дека истата содржина не може да се снима со друг телефон или камера.

WhatsApp е една од најпопуларните апликации за пораки во светот. И додека поголемиот дел од кореспонденцијата не е премногу доверлива, некои корисници сакаат да ја чуваат својата приватност и да споделуваат фотографии или видео содржини што можат да се видат само еднаш.

Досега се уште беше можно да се „зачуваат“ тие краткотрајни мултимедијални датотеки со снимање на екранот на смартфонот, но WhatsApp одлучи да стави крај на тоа.

Според информациите објавени на WABetaInfo, WhatsApp развива можност да блокира слики од екранот како фотографии и видеа. Така, корисниците кои сакаат да направат скриншот од видео или фотографија која е означена како краткотрајна и наменета за гледање само еднаш, ќе добијат информација дека оваа опција е блокирана поради дополнителна приватност.

Иако ова ќе го спречи примачот на таква содржина да ја зачува на телефонот на кој ја примил, тоа не значи дека истата содржина не може да се сними со друг телефон или камера.

Во исто време, корисниците сè уште ќе можат да направат скриншот од кореспонденцијата, но без мултимедијалните датотеки.

WABetaInfo забележува дека, иако создавањето на скриншот ќе биде блокирано, другата страна, т.е. испраќачот, нема да биде известен дека примачот се обидел да направи скриншот.

Се уште не е познато кога оваа дополнителна безбедносна опција ќе биде имплементирана во WhatsApp, но познато е дека ќе биде достапна за корисниците и на Android и на iOS.