Xiaomi официјално претстави два нови смартфони, Xiaomi 12T и 12T Pro.
Двата уреди ќе бидат достапни во Европа, а се знае и колку ќе чинат кога ќе излезат на пазарот.
Xiaomi 12T Pro
Овој модел се очекува да привлече поголемо внимание бидејќи е првиот смартфон на Xiaomi со камера од 200 MP, а станува збор за сензорот ISOCELL HP1 на Samsung. Нема телефото објектив, но сензорот со висока резолуција поддржува 2x дигитален зум и исто така може да снима 8K видео и снимки HDR10+. Има оптичка стабилизација на сликата за подолги експозиции во темница и нуди постабилна слика, како и напредни функции како што се следење очи и автофокус за следење движење.
Сепак, преостанатите камери не се ни приближно толку импресивни. Има ултра широка камера од 8 MP и макро камера од 2 MP. Селфи камера од 20 MP се наоѓа напред.
Уредот има 6,67-инчен AMOLED екран со резолуција од 1.220 x 2.712 пиксели, формат 20:9 и брзина на освежување што може автоматски да се прилагоди помеѓу 30, 60, 90 и 120Hz. Станува збор за 12-битен панел со HDR10+ и Dolby Vision технологија, а под екранот има и сензор за отпечатоци. Екранот е заштитен со Gorilla Glass 5. Овој паметен телефон го дели процесорот Snapdragon 8+ Gen 1 со серијата 12S, кој нуди одличен баланс помеѓу перформансите и ефикасноста. Xiaomi го подобри и ладењето на новите модели.
Гореспоменатиот процесор е поврзан со 8 GB LPDDR5 RAM и 128 GB UFS 3.1 внатрешна меморија во основната верзија, но се нудат и конфигурации од 8/256 GB и 12/256 GB. Уредот користи оперативен систем Android 12 со интерфејс MIUI 13.
Xiaomi 12T Pro се напојува со батерија од 5,00 mAh која поддржува брзо полнење од 120 W, а полначот доаѓа со паметниот телефон. Оваа батерија овозможува до 13,5 часа работа, а од 0 до 100 проценти капацитет се полни за само 19 минути.
Уредот доби стерео звучници со технологија Dolby Atmos, поставени од компанијата Харман Кардон.
Уредот е со двојна SIM-картичка и поддржува 5G мрежа.
Xiaomi 12T Pro ќе биде достапен во продажба од 13 октомври преку официјалните канали на Xiaomi. Моделот со 8 GB RAM и 128 GB внатрешна меморија ќе чини 750 евра, а преостанатите две верзии ќе чинат 800 односно 850 евра.
Xiaomi 12T
Xiaomi 12T нуди екран и батерија со сличен квалитет како 12T Pro, се напојува со процесорот Dimensity 8100-Ultra и има солидна камера од 108 MP. Станува збор за сензор ISOCELL HM6 со оптичка стабилизација на сликата, но не може да снима видео од 8K, ниту пак има автофокус за следење на очите.
Останатите камери се исти како кај моделот 12T Pro, 8 ултра широки, 2 макро и 20 MP селфи.
Екранот е исто така ист, но без Dolby Vision технологијата. Стерео звучниците со Dolby Atmos технологија се исто така дел од уредот, има функција со две SIM и поддржува 5G мрежа. Споменатиот процесор Dimensity 8100-Ultra е поврзан со 8 GB RAM и 128 GB или 256 GB внатрешна меморија. И покрај различниот процесор, перформансите на батеријата се исти како кај 12T Pro.
Продажбата на Xiaomi 12T исто така започнува на 13 октомври, а ќе чини 600 и 650 евра во зависност од избраниот модел.