Не можете да го замислите животот без паметен телефон? И тоа како би бил поедноставен да нема секојдневно полнење? Еве како на траењето на батеријата и нејзината потрошувачка може да влијаат низа различни работи, за кои обично не ни размислуваме.

Чистење на приклучокот за полнење

Покрај чистење на екранот треба да се чисти и приклучокот за полнење, зошто често може да се насоберат нечистотии и остатоци од џебовите што може да го отежнат полнењето.

Користите потемни позадини

Светлите позадини можеби изгледаат убави на мобилните уреди, но како што пишува BrightSide, шарениот и светол wallpaper многу лесно сака да троши енергија. Искористете било каква црно-бела позадина, за алгоритмите што помалку да ја „поправаат сликата“ и активирајте ја автоматската регулација на светлината на уредот со што пониска почетна поставка.

Не го држете уредот секогаш во раце

Тоа е работа на навика, но држењето на смартфонот во раце само повеќе ги загрева компонентите во него. Тоа е посебно чувствително летно време, кога и покрај потта многумина и натаму не го испуштаат мобилниот од раце. Запаметете – колку компонентите се потопли, полошо работат. Истата табота важи и за батеријата на уредот.

Исклучете ја автоматската ротација на екранот

Оваа опција треба да се користи само кога навистина треба да гледате нешто во хоризонтална положба. Остатокот од времето исклучете ја, со цел акцелерометарот на уредот да не се меша во потрошувачката (или барем помалку).

Исклучете го телефонот

Тоа е наједноставно, но не мислиме баш така како што мислите. Едноставно, кога ќе легнете да спиете навечер, исклучете го телефонот. Или пак пред да дремнете час, два по работното време, исклучете го мобилниот.

Не пребарувајте мрежа кога нема

Кога сте во некој рурален дел или пак на некоја планина, кога ќе снема мрежа, не трудете се да ја најдете мрежата по опциите. Едноставно, се троши многу батерија а нема ништо да постигнете.

Полнете ја батеријата правилно

Не ја полнете батеријата кога има 15 проценти или пак да ја полните до 85 проценти, зошто онака, не ви се чека. Кога ќе имате време, почекајте да се испразни целосно батеријата и полнете ја до 100 проценти.

Не користете интернет или камера

Едноставно, ако немате многу од батеријата, не е време за сурфање на интернет или фотографирање, зошто тоа троши многу батерија а и не е толку важно.

Скратете од разговорот

„Еј, немам батерија, морам да спуштам“, нека биде последна реченица од разговорот кога немате доволно батерија, зошто најчесто разговорите продолжуваат по оваа реченица, и речиси секогаш се непотребни.

Исклучете сè што не ви е потребно

Исклучете ги Wi-fi, GPS, Bluetooth, кога не ги користите.

 

Извор: Tportal.hr