Компаниите EA и Marvel работат на нивната прва заедничка игра, а тоа е Iron Man.
EA Motive Studio ја завршува работата на римејкот на играта Dead Space, но развива и други проекти. Сега EA потврди дека Motive се здружила со Marvel за да развијат игра Iron Man. Иако играта е во рана фаза на развој, компанијата откри неколку детали. Тоа ќе биде акциона-авантуристичка игра во трето лице за еден играч со оригинална приказна. Идејата е играчот „да почувствува како е навистина да се биде Iron Man“.
Тимот на Motive работи на проектот предводен од Оливие Проулкс, кој беше постар продуцент на минатогодишната изненадувачки одлична игра на Marvel’s Guardians of the Galaxy. Проулкс, исто така, работеше на делот за еден играч од Marvel’s Avengers, така што Iron Man не му е непознат.
„Имаме одлична можност да создадеме нова и уникатна приказна која ќе можеме да ја наречеме своја. Marvel не охрабрува да создадеме нешто свежо“, изјави Проулкс.
EA тврди дека играта Iron Man го означува почетокот на партнерството со Marvel, бидејќи ќе стане првиот од неколкуте наслови кои ќе бидат плод на оваа соработка. Се шпекулира дека еден од тие ќе биде и играта Black Panther.
Поврзани артикли