Минатата недела на социјалните мрежи се појавија рендери на смартфонот OnePlus 11 Pro, а сега се откриени и неговите спецификации.

Новиот предводник на кинеската компанија OnePlus ќе биде придвижуван од процесор Snapdragon Gen 2, кој официјално ќе биде претставен во ноември на настанот Snapdragon Summit на Qualcomm. Смартфонот најверојатно ќе користи OnygenOS 13 базиран на Android 13, а ќе има до 16 GB RAM и 256 GB внатрешна меморија. Основниот модел ќе има 8 GB RAM и 128 GB внатрешна меморија.

OnePlus 11 Pro ќе користи 6,7-инчен QHD+ AMOLED екран со брзина на освежување од 120 Hz, а во горниот лев агол ќе има отвор со дупка за селфи камера од 16 MP. Назад ќе има главна камера од 50, ултра широка камера од 48 и телефото камера од 32 MP со 2x оптички зум. Сите камери се потпишани од Хаселблад.

Уредот ќе се напојува од батерија од 5.000 mAh со поддршка за жично полнење од 100 W.

Други карактеристики на паметниот телефон вклучуваат лизгач за предупредување, сензор за отпечатоци интегриран во екранот и поддршка за Dolby Atmos. Смартфонот ќе има USB-C приклучок на дното и ќе поддржува опции за поврзување Bluetooth 5.2 и Wi-Fi 6E, како и 5G мрежа.

Сè уште не е познато кога OnePlus 11 Pro ќе се појави на пазарот и колку ќе чини.