YouTube, платформа за споделување видеа во сопственост на Google, моментално тестира функција која нема да им се допадне на многу корисници.
Според некои корисници на социјалните мрежи, во текот на септември популарната платформа тивко имплементирала нов формат за прикажување на реклами.
hmm…this may happen with a certain type of ad format called bumper ads, since they’re only up to 6 seconds long. if you’d like, you can send feedback directly from YouTube via the send feedback tool
— TeamYouTube (@TeamYouTube) September 7, 2022
Корисниците кои ја користат бесплатната верзија на услугата и немаат претплата на YouTube Premium во иднина би можеле да бидат принудени да гледаат пет реклами пред да започне нивното видео.
Оваа вест одекна откако голем број корисници почнаа да се жалат на Твитер и Редит. Посочуваат дека наместо две им се прикажуваат пет реклами, пред да им биде дозволено да го погледнат избраното видео на YouTube.
YouTube исто така објави официјална изјава за ова прашање. Од компанијата посочуваат дека ситуацијата со прикажување на пет реклами може да се појави кај корисниците на YouTube, со одреден формат на реклами наречени „bumper ads“.
Според компанијата, овие реклами се кратки и обично се долги шест секунди. За жал, тие не можат да се прескокнат.
Во моментов, на сите корисници на YouTube Free не им се прикажуваат пет реклами пред почетокот на видеото, што значи дека компанијата ја тестира оваа опција со избрана група луѓе.
Во моментов, најголемиот број корисници на YouTube Free гледаат две реклами пред почетокот на видеото, а не се знае кога форматот со пет реклами ќе биде доставен до сите корисници на платформата.