Помина долго време откако Sony не не израдувал со нов тизер за следната игра на God of War. Сега добиваме нов трејлер, како и изненадување.

Новиот трејлер навестува приказна во која Кратос овој пат го следи својот син кој ја има улогата на водач. Со здружување на силите, двајцата ќе одлучат дали ги поврзува судбината и пророштвата или дали сами ќе ја кројат својата судбина.

Нивната приказна ќе биде засилена со исклучителни визуелни ефекти, брза борба и употреба на познати оружја како што се Blades of Chaos и Leviathan Axe.

Покрај тоа, Sony најави специјален, лимитиран контролер наречен The God of War Ragnarok DualSense. Станува збор за безжичен контролер, со бели и сини нијанси и украси.

Играта God of War: Ragnarok и придружниот контролер за PlayStation 5 пристигнуваат на 9 ноември.