Апликацијата, исто така, објави нови графички контроли за iOS 16 за заклучениот екран што им олеснува на корисниците да „скокнат“ во разговори.
Функциите за пораки и видео разговор пристигнаа на веб верзија во јули оваа година, но само на одредени пазари и за претплатниците на Snapchat+.
Сега, Snapchat за веб конечно е достапен за сите корисници на оваа апликација ширум светот. Ова може да биде подобра опција за оние кои испраќаат повеќе пораки или пишуваат повеќе, бидејќи им треба поголем екран и пристап до вистински тастатури.
Веб-интерфејсот нуди основен дизајн, но може да се користи и за испраќање фотографии и остварување аудио и видео повици. Од компанијата Snap истакнуваат дека веб апликацијата наскоро би можела да добие повеќе главни функции кои веќе ги има мобилната верзија на услугата.
Покрај ова, Snapchat објави виџети за заклучен екран во рамките на платформата iOS 16. Виџетите им овозможуваат на корисниците да креираат кратенки до разговорите што ги сакаат, за да можат да стартуваат разговори од екранот со еден допир.