Играта PUBG Mobile доби нова 2.2 верзија која содржи голем број новитети.
PUBG 2.2 вклучува нова мапа, нов режим на игра, визуелни промени во околината и нови локации на постоечката карта Erangel.
Новата мапа се вика Nusa и претставува „рај на тропски остров“, а дел од неа е и Super Recall механика која овозможува respawn на играчи кои биле елиминирани порано во играта се додека имаат „жив“ соиграч. Respawn на соло играч е автоматски. Ќе има многу оружје, така што играчите ќе можат брзо да се опремат. Тие ќе можат да користат zipline и лифтови за да се движат наоколу.
Што се однесува до мапата Erangel, таа содржи дополнителни локации и визуелни промени во околината.
Таканаречениот Gear Front Mode ќе биде достапен на сите мапи, а нуди нови вештини како Playzone Analysis, Trace и Supply. Возилата ќе може брзо да се лоцираат со помош на скенер, а ќе бидат достапни и жичарници.
Поврзани артикли