Instagram наскоро ќе тестира нова функција „повторно објавување“ reposts, која никогаш не била дел од главниот feed на апликацијата.
Споменатата функција веќе е една од клучните карактеристики на Facebook и Twitter, а за прв пат беше забележана на Instagram на профилот на извршниот директор на оваа мрежа, Адам Мосери.
This is what the new instagram repost feature intro screen looks like
h/t @alex193a pic.twitter.com/VbwIvRluE6
— Matt Navarra (@MattNavarra) September 9, 2022
„Ја истражуваме можноста за повторно споделување на објавите во Feed – слично на начинот на кој може да се споделуваат Stories – за луѓето да можат да го споделат она што најмногу одекнува, додека оригиналните создавачи се наградени за нивната работа. Планираме да ја тестираме функцијата наскоро со помал број корисници“, истакнуваат од компанијата Мета.
Новиот екран ја опишува функцијата како начин да се препорача објава на пријател, да се започне разговор со следбеници кои можат да одговорат на повторното објавување со пораки.
Feed repost содржината се прикажува во посебен таб во профилот на корисникот, заедно со објави, reels и тагнати фотографии и може да се видат од следбениците.
Instagram додава голем број ажурирања во последниве месеци за подобро да се натпреварува со TikTok. TikTok неодамна објави функција за повторно објавување за видеа, кои се појавуваат само на страницата „For You“ на пријател, а не на профилот на корисникот.