По санкциите што Западот ги воведе кон Русија по агресијата врз Украина, многу светски познати производители на автомобили го напуштија рускиот пазар. Но не и Кинезите.
Според продажните резултати од август, најпопуларен модел во Русија останува Lada Granta, која ја избрале 11.302 клиенти (+73,4%).
За прв пат, кинескиот кросовер Haval Jolion стана лидер меѓу странските автомобили, со тираж од 2.049 единици (продажбата е зголемена за 2,9 пати).
Третото место го зазеде Lada Vesta со 1.880 испорачани автомобили, што е за 83,9% помалку од претходната година, покажуваат податоците на агенцијата Autostat.ru.
Практично еднакви резултати покажаа кинеските кросовери Geely Coolray (1.599 единици, +93,3%) и Chery Tiggo 7 PRO (1.595 единици, +12,8%), на четврто и петто место во август.
Побарувачката за Lada Niva се намали за 26,6% на 1.362 возила, па овој автомобил падна на шестото место на листата на најпродавани автомобили во Русија. 994 клиенти го избрале моделот Kia Rio, што е за 84,6% помалку од пред една година.
Потоа следат два модели на Hyundai – кросоверот Creta (992 единици, -80,8%) и лимузината Solaris (821 единици, -80,1%).
Со испорачани 732 автомобили (што е 15,6 пати повеќе од продажбата во истиот месец минатата година), кросоверот Geely Atlas PRO ја заокружува топ-10 листата на најпродавани автомобили во Русија во август.
Поврзани артикли