Мобилниот оперативен систем на компанијата Google од следната година би можел да добие поддршка за сателитска комуникација, а првиот телефон кој треба да ја имплементира оваа функција е наводно Google Pixel 8.
Веќе две години се шпекулира дека Apple ќе имплементира поддршка за сателитска комуникација во својата линија iPhone. Минатогодишните модели не го добија, но на денешниот „Far Out“ беше претставена новата функција што ја носи линијата iPhone 14, а тоа е „Emergency SOS via satellite“.
Функцијата овозможува телефонска комуникација преку сателит во ситуации кога стандардната мобилна врска не е достапна.
Очигледно, Google исто така работи на слична поддршка. Оваа информација ја навести постариот потпретседател на Андроид – Хироши Локхајмер. Тој истакна дека неговиот тим „дизајнира за сателити“, пренесува Tech Radar.
Локхајмер нагласи дека споменатата опција треба да стане достапна во рамките на следната верзија на Android платформата, а тоа е Android 14, чии први верзии се очекуваат во мај следната година.
Tech Radar го наведува Google Pixel 8 како прв телефон што може да имплементира поддршка за сателитска комуникација.
Сепак, за овој уред ќе треба да чекаме долго, бидејќи Google се уште планира да ги претстави Pixel 7 и 7 Pro, па „осумката“ не треба да се очекува пред септември следната година.
Уредите со Android, како телефоните на Apple, треба да ја користат сателитската врска само во итни ситуации, кога немаат пристап до мобилните мрежи.
Поврзани артикли