Компанијата DJI го претстави новото беспилотно летало наречено Avata за кое вели дека обезбедува „крајно извонредно искуство“ за љубителите на FPV летањето или лет во прво лице.
Feel the rush with DJI Avata
DJI Avata combines powerful 4K/60fps video with a 155-degree FOV and built-in propeller guards to help you push the boundaries of content creation like never before.
Dare to fly DJI Avata now: https://t.co/Fu0yGONvkF pic.twitter.com/jv9rqvpGZq
— DJI (@DJIGlobal) August 25, 2022
Дронот се спојува со DJI Googles 2 очила и DJI Motion контролер и нуди „речиси вонтелесно искуство со летањето“. Овој дрон може да се користи и со постоечкиот DJI FPV Remote Controller 2 контролер и DJI FPV Googles V2 Goggles.
Avata се напојува од батерија со капацитет од 2.420 mAh, што е доволно за 18 минути лет, а дронот тежи вкупно 410 грама. Доаѓа со интегрирани штитници за пропелер за да го одржуваат што е можно побезбедно во затворени простории, додека неговата ултра широка камера од 155 степени има CMOS сензор од 1/1,7 инчи и може да снима 4K видео со 60 fps, како и 2,7K видео на 50 /60/70/120 fps.
Avata може да лебди како стандарден дрон, да забрзува како тркач и брзо да помине низ тесни простори, притоа да застане во „дел од секунда“. Ако слета наопаку, новиот Turtle Mode му овозможува да се сврти и повторно да полета.
Кога станува збор за режими, постојат три, и тоа Normal, Manual и Sport.
Во режимот Normal, Avata се однесува слично како и другите дронови на DJI, лебди во место користејќи сателитска навигација или системи за визуелно позиционирање на дното.
Manual режимот е достапен само кога се користи далечинскиот управувач DJI FPV 2 и обезбедува целосна неограничена контрола за да се добие извонредно искуство со FPV летање, а корисникот има можност да ги приспособи параметрите според неговите преференции.
Sport режимот е комбинација од гореспоменатите два режима, нудејќи ги можностите за динамично движење што доаѓаат со Manual режимот, како и некои клучни безбедносни карактеристики на Normal режимот.
DJI Avata е веќе во продажба и чини 629 долари, а оние кои ќе изберат пакет со дрон и DJI Goggles 2 очила и DJI Motion Controller ќе треба да издвојат 1.388 долари. Може да се купи и со DJI FPV Goggles V2 и DJI Motion Controller за 1.168 долари. Во продажба е и пакет со две батерии и центар за полнење, кој чини 279 долари.