Научниците од Австралија и САД започнуваат проект вреден милион долари за „оживување“ на изумрениот тасманиски тигар.
Последниот познат тасманиски тигар, т.е. тилацин угина во триесеттите години на минатиот век. Тимот научници кој стои зад проектот тврди дека тасманискиот тигар може да се рекреира со помош на матични клетки и технологија за уредување на гени. Првиот тасманиски тигар може да се најде во дивината по десет години.
Други експерти се скептични и сугерираат дека споменатиот план е само научна фантастика.
Тилацинот го добил прекарот „тасманиски тигар“ поради пругите долж грбот, но всушност бил торбар, вид австралиски цицач кој ги одгледува своите младенчиња во торбичка.
Планот на научниците е да земат матични клетки од жив вид торбар со слична ДНК, а потоа да ја искористат технологијата за уредување на гени за да го „вратат“ изумрениот вид или барем екстремно приближно до него. Ова би претставувало извонредно достигнување за научниците кои сакаат да работат на проектот и би барало низа научни откритија.
„Верувам дека за 10 години можеби ќе го имаме првото „бебе“ тилацин откако тие беа ловени до истребување пред речиси 100 години“, рече професорот Ендрју Паск, кој го води истражувањето од Универзитетот во Мелбурн.
Популацијата на тасманиските тигри се намали кога луѓето пристигнаа во Австралија, како и кога се појави динго, вид на диво куче. Торбарот слободно шеташе на островот Тасманија и на крајот беше ловен до истребување. Последниот тасмански тигар умрел во зоолошката градина во 1936 година.
Доколку научниците успеат во својот план, тоа ќе биде прв пат во историјата да се врати изумрен вид.
Идејата за „оживување“ на тасманискиот тигар постои повеќе од 20 години.