Еден од сопствениците на автомобилите на Тесла од Америка, Брендон Далали, направи необичен потег. Имено, тој под кожата го вградил клучот од автомобилот.
Тој објави видео на социјалните мрежи на кое се гледа како му вградиле чип во десната рака, а потоа го користи за отклучување на возилото.
Finally decided to take my phone key issues in to my own hands… literally. Tesla key chip implant. pic.twitter.com/RVK8ZaePoI
— Brandon Dalaly (@BrandonDalaly) August 16, 2022
„Сега го користам како клуч кога ќе ми се расипе Bluetooth клучот или немам клуч картичка“, рече Далали.
Овој малку бизарен чин е овозможен благодарение на чипот наречен Vivokey Apex, кој користи NFC технологија, односно работи на истиот принцип како кога плаќате со банкарска картичка на принципот „touch to pay“.
Далали рече дека е дел од група од 100 луѓе кои секогаш ги тестираат овие чипови пред да бидат достапни за пошироката јавност.
„Компанијата што го состави ова буквално има своја продавница за апликации каде што можете безжично да инсталирате апликации во вашето тело користејќи ги овие чипови. А една од апликациите беше клуч картичка на Tesla. Тоа беше првата апликација што ја инсталирав на неа бидејќи имам Тесла“, рече тој.
Сопствениците на Tesla кои не сакаат во себе да ги инсталираат чиповите, инаку користат клуч картичка или мобилна апликација за да ги отклучат своите возила.
Далали, голем љубител на технологијата, вели дека веќе има уште еден помал чип во левата рака што ги содржи клучевите од неговата картичка за вакцинација против коронавирус, клучевите од неговата куќа, неговата контакт картичка и други информации.
„Целата идеја беше да го имам клучот од куќата во левата рака, а клучот од автомобилот во десната“, рече тој.
Поврзани артикли