Toyota, најголемиот светски производител на автомобили, во Јапонија го гради првиот „паметен град“ во светот.
Japan is building a futuristic smart city. AI, self-driving cars, robotics, solar power pic.twitter.com/sxjiT9Ngik
— Vala Afshar (@ValaAfshar) August 18, 2022
„Woven City” лоциран во близина на подножјето на планината Фуџи, ќе зафаќа 175 хектари и ќе биде целосно автономна заедница дизајнирана да тестира нови технологии како автоматско возење, роботика и вештачка интелигенција (ВИ) во реалниот свет.
Прототипот на „градот на иднината“ ќе биде изграден од темел на местото на поранешната фабрика Хигаши-Фуџи, која ја заврши својата децениска историја на производство на автомобили во декември 2020 година.
Идејата на „Woven City” е сите луѓе, згради и возила да можат да комуницираат едни со други преку податоци во реално време и други вградени сензори. Оваа врска ќе и овозможи на Toyota да тестира како функционира напредната AI технологија во реалниот свет, со минимален ризик.
Целосно поврзаниот екосистем на градот ќе се напојува со чисти извори на енергија како што се сончевата енергија, водородните фосилни ќелии и геотермалната енергија.
„Woven City” ќе има три типа на улици: една за пешаци, една за лица со лични возила и една за автоматско возење.