Возилото тешко 14,5 тони е наменето за 12 лица. Автомобилот има руски турбодизел мотор ЯМЗ-536 со 360 коњски сили. „ВПК-Урал” постигнува брзина од 100 километри на час. Противминската заштита на возилото може да издржи експлозија со сила од шест килограми ТНТ.

Новиот руски повеќенаменски оклопен автомобил „ВПК-Урал”, кој е сé уште во фаза на прелиминарни испитувања, првпат е испорачан во странство, соопшти за РИА „Новости“е Александар Красовицки, генерален директор на компанијата „Воено-индустриска компанија“ (Военно-промышленная компания – ВПК), која го проектираше возилото.

„Возилото е во фаза на прелиминарни испитувања, а еден автомобил веќе продадовме во странство. Според барањето на нарачателот, направивме возило со малку помали димензии, за осум лица“, рече тој.

Красовицки истакна дека „ВПК-Урал” во многу параметри е унифициран со другиот проект на компанијата – оклопниот автомобил „Атлет“, но дека „ВПК-Урал” е поевтин во однос на овој перспективен модел.

„Големо внимание е посветено на унификацијата. Ако ги погледнете „Атлет“ и „ВПК-Урал“, ќе видите дека предните и задните врати можат да си ги заменат местата, исто така можат да се заменат и левото и десното предно стакло. Сите прозорци меѓусебно можат да се заменат. Освен тоа, вратите од „Атлет“ можат да се префрлат на „ВПК-Урал”, рече соговорникот на агенцијата.

Извор: Russia Beyond