Во 1981 година, еден од основачите на Apple, Стив Џобс, објасни зошто смета дека компјутерот е всушност велосипедот на 21 век.

Во интервју за емисијата „Nightline“ на ABC News, тој зборуваше за тоа што компјутерите ќе значат за човештвото.

„Ова е велосипедот на 21 век, бидејќи ја зајакнува интелектуалната способност на човекот. Со еден од овие уреди човекот ќе се ослободи од многу неволји и ќе може да го работи она во што е најдобар, а тоа е да работи на концептуално, креативно ниво“, рече тој.

Водителот на емисијата Тед Копел го праша дали е опасно државните институции користејќи компјутери да ги имаат сите податоци за граѓаните.

Џобс одговори дека најдобар начин да се заштити приватноста е луѓето да бидат компјутерски писмени. Веќе во тоа време, кога имаше еден компјутер на илјада американски домаќинства, тој предвиде дека всушност секое домаќинство ќе има еден.

Сепак, некои веруваат дека Џобс погрешно ја проценил заштитата на приватноста. Повеќето од нив се компјутерски писмени, но се изложени на закани по приватноста преку технолошки уреди.