Apple објави постоење на големи безбедносни пропусти во некои iPhone, iPad и Mac уреди кои би можеле да им овозможат на злонамерните напаѓачи да ја преземат контролата врз уредот на корисникот.
Компанијата создаде два безбедносни извештаи, кои ги опишуваат пропустите што се поправени со најновото ажурирање на софтверот. Apple призна дека е свесен за можноста овие пропусти да биле активно искористени.
Технолошкиот гигант спомна дека грешката ја открил „анонимен безбедносен истражувач“, но не објави премногу детали за самата ранливост. Само забележа дека проблемот ги оставил уредите со iOS и masOS ранливи на извршување на произволен код со кернел привилегии, пред да се имплементира најновата закрпа.
Apple не откри колку корисници биле погодени од ранливоста и нагласи дека исто така нема да објавува, коментира или потврдува какви било идни проблеми додека не се спроведе истрага и не се обезбедат соодветни закрпи.
Ранливоста влијаеше на неколку модели на iPad (вклучувајќи ги и сите уреди со iPad Pro), iPhone 6S и понови, и Mac компјутери со MacOS Monterey.
Грешката можеше да им даде на хакерите целосен администраторски пристап до уредите, како и можност да извршат кој било код доколку ја преземат корисничката улога.
Поврзани артикли