Како што пренесуваат многу медиуми, а врз основа на информациите на аналитичарот Марк Гурман, Apple ќе ја претстави својата серија iPhone 14 малку порано од минатата година.
Минатогодишната серија iPhone 13 беше лансирана на 14 септември и беше пуштена во продажба на крајот на месецот, а оваа година се очекува серијата iPhone 14 да биде претставена на 7 септември. Исто така, во продажба треба да биде од 16 септември.
За време на овогодинешната презентација, Apple би требало да се претстави агресивно, со четири телефони, вклучувајќи ги стандардните iPhone 14 и iPhone 14 Max со голем екран. Ќе има и Pro линија, која ќе има надградба на процесорот, камерата и други функции, а тука спаѓаат iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max.
Телефоните без „Pro“ во името се очекува да го користат минатогодишниот Apple A15 Bionic чипсет, додека моделите „Pro“ ќе го добијат новиот и надграден A16 Bionic чип.
Иако се очекува iPhone 14 да биде лансиран само околу една недела порано од минатогодишниот модел, сепак тоа е добар знак дека индустријата наоѓа рамнотежа во синџирот на снабдување на потрошувачите, без покачување на цените или големи одложувања.