Иако патентот во никој случај не гарантира дека возилото ќе влезе во производство, VW во минатото покажа интерес за создавање електричен пикап камион.
Volkswagen поднесе барање за патент за верзија на електричното комбе ID. Buzz со отстранет покрив и горен дел од телото зад C-столбот, претворајќи го во камионет. Се вели дека цртежот од пријавата за патент е истиот што беше објавен на страницата на Твитер на VW Group на 27 април како дел од Светскиот ден на дизајнот, но со променета позадина.
Today is World #DesignDay?
On the way from an idea to production, there are a lot of unseen design drafts made – like this one:
An #IDBuzz pick-up!What do you think about it?
? = Love it!
? = Good that it was just an idea… pic.twitter.com/ZFFfnlPWnX— Volkswagen Group (@VWGroup) April 27, 2022
Во тоа време, Volkswagen го опиша овој дизајн како една од идеите на кои се работело за време на развојот на комбето ID. Buzz, во периодот кога од концептот беше создадено сериско возило.
Иако патентот на никаков начин не гарантира дека возилото ќе влезе во производство, VW во минатото веќе направи пикап од комбе.
Своевремено, според сличен принцип, Volkswagen направи пикап од моделот Typ 2, односно легендарното комбе од педесеттите и шеесеттите години на 20 век.
Поврзани артикли