Извршниот директор на Tesla, Илон Маск, продаде 7,9 милиони акции на Tesla во последните денови, а од продажбата заработи 6,9 милијарди долари.
Серијата поднесоци до Комисијата за хартии од вредност откри неколку продажби неодамна.
Ова е прва продажба на акциите на Маск на Тесла од април, кога продаде 9,6 милиони акции, со што тогаш прибра 8,5 милијарди долари. Тие априлски продажби се случија веднаш откако Маск постигна договор за купување на Твитер за 44 милијарди долари.
Сепак, пред еден месец, Маск објави дека не планира да продолжи со договорот за купување, тврдејќи дека менаџментот на Твитер не открил информации за тоа колку кориснички сметки се ботови и спам, наместо сметки управувани од вистински луѓе. Твитер брзо поднесе тужба за да го принуди Маск да продолжи со договорот според условите постигнати во април.
Распродажбата на акциите покажува дека Маск може да го загуби тој случај. Тој беше прашан на Твитер дали завршил со продажбата на акции на што тој одговори „Да“ и предупреди на можноста да биде принуден да го купи Твитер.
Yes.
In the (hopefully unlikely) event that Twitter forces this deal to close *and* some equity partners don’t come through, it is important to avoid an emergency sale of Tesla stock.
— Elon Musk (@elonmusk) August 10, 2022
Тој нагласи дека е важно да нема итна продажба на акциите на Тесла во случај Твитер да го принуди да ја купи компанијата, а доколку тоа не се случи, вели дека е подготвен да ги откупи продадените акции.