Едно од најновите студии покажа дека дождовницата во речиси секој дел од светот содржи опасни количини на трајни хемикалии.
Супстанциите пер/полифлуороалкил (PFAS) припаѓаат на голема група на вештачки хемикалии кои не се појавуваат во природата. Тие се познати како трајни супстанции, бидејќи не можат да се разградат во природата. Тие се користат во пакување за храна, електронски уреди, козметика и садови.
Истражувачите од Стокхолмскиот универзитет забележале дека овие супстанции се присутни и во дождовницата, речиси во секој дел од светот. Антарктикот не е исклучок. Споменатите супстанции имаат значително негативно влијание врз квалитетот на водата.
Меѓу нив се и перфлуорооктаноичните киселини (PFOA), за кои се наведува дека предизвикуваат рак. Иан Казинс, кој го водел споменатото истражување, посочи дека дождовницата насекаде во светот не е безбедна за пиење доколку се земат предвид стандардите на Соединетите Американски Држави кои ја одредуваат нивната максимална количина.
Тој истакна дека луѓето во повеќето индустриски земји не пијат дождовница, но во многу делови од светот има и такви кои ја пијат, очекувајќи дека водата не е опасна по здравјето.
Анализирано е и колку наведените материи се опасни по здравјето. Така тие се поврзани со нарушувања на плодноста, зголемен ризик од рак и тешкотии во развојот на децата. Од друга страна, некои веруваат дека не може да се докаже причинско-последична врска помеѓу овие хемикалии и нарушеното здравје. И покрај ова, некои бараат построги забрани за PFAS, пренесува Euronews.
Поврзани артикли