Сите наши безжични рутери обично имаат одреден опсег, но ако го надминете тој опсег, ќе го загубите сигналот. Ова е причината зошто WiFi проширувањата на опсегот и меш мрежите се популарни, бидејќи им овозможуваат на корисниците ефикасно да го прошират опсегот на својата WiFi мрежа на полесен начин. Сепак, недостаток е што и натаму треба да купите дополнителна опрема.

Добрата вест е дека благодарение на работата која ја воделе истражувачите од универзитетот „Бригам Јанг“, се чини дека успеале значително да го зголемат опсегот на основниот безжичен рутер за дури 60 метри. Најдобриот дел е што ништо од ова не барало употреба на дополнителен или нов хардвер, а сè е направено со софтвер.

Наречен On-Off Noise Power Communication (ONPC), ова всушност може да се програмира преку постојниот WiFi протокол на истиот хардвер. WiFi во моментов бара брзина од 1 Mbps за одржување на сигналот, но на овој нов протокол потребни му е само еден бит во секунда. Како што тврди истражувачот на Универзитетот во Вашингтон, Нил Патвари, „ако пристапната точка (рутер) го прими овој код, тој вели: „добро, знам дека сензорот сè уште е жив и пробува да ме контактира, само е надвор од опсегот. „Тој всушност испраќа 1 бит информации кои велат дека е жив“.

Пред многу да се воодушевите поради ова, имајте на ум дека, иако опсегот може да биде продолжен, не значи дека е доволно брз за сите задачи кои се поврзани со интернет. Наместо тоа, истражувачите сугерираат дека би можел да биде доволно добро за паметните домашни уреди, како што се сензорите за гаражни врати, системи за надгледување  на квалитетот на воздухот или системите за прскање, на кои можеб ќе им треба само „on/off“ порака.