Motorola, минатиот вторник требаше да претстави два нови и многу важни смартфони за овој бренд, но настанот беше откажан само неколку часа пред почетокот.

По бројните тизери и најави за настан планиран во Кина, Motorola ја откажа презентацијата на два мобилни телефони, на преклопливиот Moto Razr 2022 и водечкиот Moto X30 Pro.

Информации за откажување на настанот објави генералниот менаџер на Motorola и Lenovo Чен Жиен преку социјалната мрежа Weibo, а потоа веста беше објавена и на официјалната веб-страница на Motorola. Деталите и причината се уште се мистерија. Тоа се уреди кои се многу важни за брендот.

Razr 2022 е преклопен телефон со екран од 6,67 инчи, надворешен дисплеј од 2,65 инчи, RAM до 18 и внатрешна меморија до 512 GB.

X30 Pro има екран од 6,67 инчи, процесор Snapdragon 8 Plus Gen 1 и поддржува супер брзо полнење од 125 W.

Официјално, причината за откажувањето на настанот не е објавена, а нема ниту нов датум за претставување на споменатите уреди.