Изгледа дека за разлика од премиум iPhone моделите, Apple нема намера својата iPhone SE линија да ја освежува на годишно ниво. Дојавувачот Рос Јанг сугерира дека следниот, освежен iPhone SE модел можеме да го очекуваме најрано во 2022. година.

Сепак, ова е отприлика во согласност со минатата стратегија на Apple за iPhone SE . Првиот SE модел е претставен во 2016. година, а на Apple му беа потребни четири гоидни да го претстави новиот модел што го видовме оваа година. Тоа значи дека компанијата нема план секоја година да објавува нов iPhone SE.

Засега не е познато зошто Apple се одлучи за ваква тактика, но можно е тоа да е во врска со намалувањето на трошоците или дури и достапноста на компонентите. Годинашниот iPhone SE користи А13 чипсет, што дебитираше на iPhone моделите од 2019. година. Тоа значи дека следниот SE модел би можел да користи A14 чипсет.

Засега во прашање се само нагаѓања, а останува да се види кога Apple ќе го овозможи новиот iPhone SE, за оние кои сакаат буџетски iPhone модел.