Huawei тивко го претстави новиот смартфон од средниот сегмент, наречен Huawei Nova 7i. Телефонот е претставен во Малезија, а практично се работи за ребрендирана верзија на Nova 6 SE моделот, кој минатата година дебитираше во Кина.

Huawei Nova 7i има 6.4-инчен IPS LCD екран, со FHD+ резолуција. Го покренува осмојадрениот Kirin 810 чипсет во комбинација со 8GB RAM и 128GB простор за складирање (дополнително проширлив преку нано мемориска картичка до 256GB).

На задната страна на телефонот се наоѓа систем со четири камери, кој го сочинуваат 48MP главен сензор, 8МП ултраширок, 2MP макро и 2MP сензор на длабочина. Од предната страна е сместена 16MP селфи камера, која има единствен Super Night Selfie 2.0 мод за оптимизирање на осветлувањето, сатурацијата и контрастот.

Nova 7i го напојува 4200mAh батерија, со поддршка за 40W SuperCharge технологија на полнење, која уредот го полени до 70 проценти за 30 минути. Кога е во прашање софтверот, телефонот користи EMUI 10 заснован на Android 10.

Засега не е познато кога Huawei Nova 7i ќе биде достапен на останатите пазари.