Функцијата за мапи на Инстаграм стана многу покорисна, а инспирирана е од она што го нуди сервисот на Google.
Новата мапа на Инстаграм поддржува пребарувања и филтри, овозможувајќи им на корисниците да пребаруваат ресторани, атракции и други суштински локации директно од апликацијата, наместо само да гледаат каде е објавена фотографијата.
Ажурираната карта исто така содржи објави, приказни и водичи означени од самите корисници, нудејќи увид во локалната сцена секогаш кога се врши пребарување.
See the map by:
? tapping location tags in Feed or Stories
? searching a city or hashtags in Explore pic.twitter.com/BWY3M4HNOI— Instagram (@instagram) July 19, 2022
Картата поддржува пребарување на хаштаг и можност за истражување со кликнување на тагнатите/означени локации во feed-от на Stories содржината. Исто така, можно е директно да се напише името на објектот, градот или населбата на страницата Explore, а резултатите се прикажуваат на мапата.
Користењето стикери за локација на објавите и содржината на Stories ќе ја додаде таа содржина во списокот за пребарување на новата карта, се додека профилот на корисникот е јавен. Визуелно, мапата користи икони на Инстаграм каде се наоѓаат атракции, што им овозможува на пребарувачите да кликнат и да гледаат Stories или да ја посетат страницата на профилот на бизнисите што ги интересираат.
Ова е уште еден чекор на Инстаграм да ја направи својата платформа центар за социјално вмрежување, трговија, патување и живот воопшто.
Поврзани артикли