World Emoji Day се слави веќе 20 години за да се одбележи важноста на користењето емотикони во комуникацијата во секојдневниот живот.
Од септември 2021 година, Unicode Standard официјално наведе над 3.600 емотикони, според Емоџипедија. Повеќе од 21 процент од сите твитови сега содржат барем едно емоџи.
Сето ова укажува на постојано зголемување на важноста на емотиконите во нашата секојдневна комуникација. Со цел да се поддржи и поттикне употребата на емотикони, Светскиот ден на емотиконите се слави секоја година на 17 јули.
Во неделата е одбележан јубилејот, дваесеттиот Светски ден на емоџи, а оваа традиција ја започна Џереми Бург – основачот на Емоџипедија. Ви носиме и листа на најпопуларните, односно најупотребуваните емотикони.
1. Лице со солзи радосници (Face with Tears of Joy)
Конзорциумот за евиденција на податоци го стави ова емоџи на врвот на најпопуларната листа двапати: во текот на 2019 и 2021 година. Ова емоџи најчесто се користи за да се нагласи дека нешто баш не насмеало.
2. Црвено срце (Red Heart)
На второ место е емоџито „Црвено срце“, што не е изненадување бидејќи е наједноставниот начин да покажеме дека нешто или некој ни се допаѓа во дигиталниот свет.
3. Тркалање по подот смеејќи се (ROFL или ROTFL)
Емоџито ROFL постои од 2016 година и честопати беше на врвот на листата. Претставува уште подобар начин да реагирате на нешто што ви се чини крајно смешно.
4. Палци нагоре (Thumbs Up)
Доколку сакате да потврдите дека се е во ред или дека е се под контрола, најдобар избор е „палците горе“. Ова е и најкористеното емоџи од категоријата „People and Body“.
5. Лице кое гласно плаче (Loudly Crying Face)
Ова емоџи најчесто се користи кога сакате јасно да покажете олеснување по екстремен притисок или ако едноставно сакате да дадете до знаење дека сте многу тажни поради одредена ситуација.
Меѓу 10-те најпопуларни емотикони се и следниве: Склопени раце (Folded Hands), кои често се заменуваат со „High Five“; Бакнеж; Смајли со срца; Емоџи со срца наместо очи и емотикони со розови/црвени образи.
За популарноста на емоџите говори и тоа што во 2015 година речникот на Оксфорд го прогласи за збор на годината.
Поврзани артикли