Netflix ја укина поддршката за една од најпопуларните опции на својата iOS апликација, функцијата на безжично стримање на содржините од iPhone или iPad директно на телевизор.

Како причина за укинувањето на поддршката се споменуваат “технички ограничувања”. Споменатите ограничувања всушност се неможноста на Netflix преку новиот AirPlay 2 стандард да ги идентификува, разликува и сертификува телевизорите и уредите со поддршка за AirPlay 2.

Поради оваа причина, Netflix ја повлекува поддршката за AirPlay во својата iOS апликација. Netflix повеќе не е достапен ни на Apple TV и нема да биде дел од новата Apple TV Plus претплатничка услуга.