Првиот сателит направен во Велс е подготвен за лансирање во вселената, што е планирано за оваа година.
Станува збор за сателитот Space Forge, кој е изграден во објект во Рамни, Кардиф, кој претходно се користел за производство на комбиња за брза храна.
Ова ќе биде важен тест за споменатата компанија, која во 2023 година има намера да лансира сателит кој ќе може да се врати и повторно да се користи.
Сателитот ќе биде лансиран како дел од мисијата на Virgin Orbit, која ќе испрати неколку сателити во ниската орбита на Земјата, односно до висина до 1.000 километри.
Space Forge соработува со Lumi Space во проект за дизајнирање на првиот повратен сателит за повеќекратна употреба.
Пробното лансирање ќе се изврши од космодромот лоциран во Њукеј, Кронвол, а првиот сателит нема да се врати на Земјата. За следната година е планирана мисија за враќање.
Virgin Orbit ќе го користи за тестирање на својата нова „технологија за враќање“.
Lumi Space ќе тестира и ласерска технологија за следење на сателитите.