Каде се наоѓа вонземскиот живот низ Универзумот? Веројатно не на планетите што се дават во токсични гасови, според една нова студија која драматично го намалува бројот на световите каде што научниците би имале среќа да понајдат вонземјани, пишува Live Science.

Во минатото, истражувачите ја дефинирале “погодната зона за населување“ врз основа на растојанието меѓу планетата и нејзината ѕвезда; планети кои, како и Земјата, орбитираат на вистинско растојание за да се приспособат на температурите во кои течната вода би можела да постои на планетарната површина, би се сметале за “погодни за живеење“. Но, додека оваа дефиниција важи за основни, едноклеточни микроби, таа не работи за сложени суштества, како што се животни од типот на сунѓерите, па се до луѓето, велат истражувачите.

Кога овие дополнителни параметри – потребни за сложените суштества да постојат – се земаат предвид, оваа погодна зона значително се намалува, велат истражувачите. На пример, планетите со високи нивоа на токсични гасови, како што се јаглеродниот диоксид и јаглерод моноксид, не се на листата.

“Ова е првпат да се земат предвид физиолошките граници на животот на Земјата, за да се предвиди распределбата на сложениот живот на друго место во Универзумот“, вели ко-авторот на студијата, Тимоти Лион, професор по биогеохемија и директор на Центарот за астробиологија на алтернативните Земји на Универзитетот во Калифорнија.

Лајонс и неговите колеги создале компјутерски модел на атмосферска клима и фотохемија (поле кое анализира како различни хемикалии се однесуваат под видливото или ултравиолетово светло) на голем број планети. Истражувачите почнале да ги набљудуваат предвидените нивоа на јаглероден диоксид, гас кој е смртоносен на високи нивоа, но исто така е потребен за одржување на температурите над замрзнување (благодарение на ефектот на стаклена градина) на планети кои орбитираат далеку од нивните ѕвезди-домаќини.

“За да се одржи течната вода на надворешниот раб на конвенционалната зона на живеење, на планетата ќе им требаат десетици илјади пати повеќе јаглерод диоксид од Земјата денес“, вели научникот Едвард Швиерман, докторант на НАСА и дел од тимот на Лајонс. “Тоа е далеку од нивоата за кои се знае дека се токсични за човечкиот и животниот живот на Земјата“.

Според новите параметри, некои ѕвезди немаат безбедна зона за живот; вклучувајќи ги тука Проксима Кентаури и ТРАППИСТ-1, два од најблиските соседи на Сонцето. Тоа е затоа што планетите околу овие Сонца најверојатно имаат високи концентрации на јаглерод моноксид, велат истражувачите.

Јаглерод моноксидот може да се поврзе со хемоглобинот во животинската крв, па дури и мали количини може да бидат смртоносни. Сега, новите насоки можат да им помогнат на истражувачите да го намалат бројот на планети каде што има изгледни шанси вонземски живот, имајќи предвид дека има околу 4.000 потврдени планети што орбитираат околу разни ѕвезди.