Според аналитичарите, следниот паметен часовник на Apple ќе има дополнителна опција, што ќе го направи уште пофункционален.
Марк Гурман, аналитичар на екосистемот на Apple, сугерира дека паметниот часовник Apple Watch 8 ќе има способност да ја мери температурата на телото, преку хардверска надградба во форма на сензор.
Сепак, се посочува дека не се очекува паметниот часовник на Apple да има термометар, кој би ја мери температурата во реално време и би ги прикажувал резултатите. Наместо тоа, часовникот ќе го предупреди корисникот да ја мери температурата на конвенционален начин ако сензорот регистрира дека температурата е покачена, а може да препорача и да одите на лекар.
На овој начин, Apple сака да се дистанцира од тоа дека новиот сензор на компанијата ќе биде сфатен како дијагностичка алатка. Серијата паметни часовници Watch 8 не се одобрени од американската Администрација за храна и лекови (FDA) за да се користат како проверени термометри.
Серијата паметни часовници Apple Watch 8, освен споменатиот сензор, не треба да имплементира други хардверски подобрувања во однос на сегашните модели.