Asus претстави два нови телефони од својата ROG линија и тие се наменети за оние кои сакаат врвни гејминг перформанси од нивните Android уреди.
Тоа се Asus ROG Phone 6 и ROG Phone 6 Pro, а главните надградби на уредот вклучуваат подобрен дисплеј, камери и нов заден екран на моделот ROG Phone 6 Pro.
Двата телефони се напојуваат со процесор Qualcomm Snapdragon 8+ Gen 1, работат на софтверот Android 12 и имаат до 512 GB простор за складирање UFS 3.1. Стандардниот ROG Phone 6 доаѓа со 8GB до 16GB меморија, додека моделот Pro има 18GB RAM.
Телефоните користат 6,78-инчен Samsung AMOLED дисплеј со Gorilla Glass Victus заштита и стапка на освежување од 165 Hz, со резолуција од 2448 x 1080p. Дисплејот на задната страна на моделот ROG Phone 6 Pro се нарекува ROG Vision дисплеј и е 2-инчен OLED екран кој може да прикажува анимации при полнење, дојдовни повици или до шест различни други сценарија.
The ROG Phone is back, stronger and faster than ever!
Here's what you need to know in less than 3 minutes.Check out more:#ROGPhone6 ? https://t.co/kgddTNsb59#ROGPhone6Pro ? https://t.co/5kw12thuWQ pic.twitter.com/pFVy2UEeRw
— ROG Global (@ASUS_ROG) July 5, 2022
Друга главна карактеристика на овие телефони е импресивната батерија од 6000 mAh, со поддршка за брзо полнење до 65 W.
Asus ROG Phone 6 ќе биде достапен во црно-бела боја, по цена од 999 евра. ROG Phone 6 ќе чини 1299 евра, ќе биде достапен само во бела боја. Двата телефони прво ќе се продаваат во Европа.
Поврзани артикли