Фосилизираните остатоци кои припаѓаат на некои од најстарите човечки предци се постари отколку што се мислеше, покажува новото истражување.
Фосилите, вклучително и еден што припаѓа на жена, биле закопани со милениуми во јужноафриканските пештери познати како „Лулката на човештвото“. Современите методи на тестирање покажуваат дека група рани луѓе талкале по Земјата пред 3,4 до 3,7 милиони години. Овој нов период може да го промени сегашното разбирање за човековата еволуција. Ова значи дека сега има повеќе можни начини на кои нашите предци еволуирале во рани луѓе.
Со години, научниците веруваа дека видот Australopithecus africanus, чии фосили беа пронајдени во пештерите Стеркфонтеин во близина на Јоханесбург, е стар помалку од 2,6 милиони години. Подземниот комплекс содржел повеќе остатоци од раните луѓе од кое било друго место во светот, вклучувајќи ги и остатоците од жена односно череп, пронајден во 1947 година.
Според тврдењата на Музејот Smithsonian, овој вид одел на две нозе и бил понизок од современите луѓе. Просечната висина на мажите била 138, а на жените 115 см.
Сепак, новите техники за радиоактивно датирање укажуваат дека посмртните останки на жената се милион години постари отколку што се веруваше. Седиментот околу фосилот беше тестиран за нивоа на редок изотоп создаден кога карпите биле изложени на космички зраци пред да паднат во пештерата. Претходно се сметаше дека хоминидите Australopithecus africanus се премногу млади за да еволуирале во homo genus, односно нашите предци кои талкале по Земјата пред 2,2 милиони години.
Меѓутоа, новите откритија покажуваат дека тие се постари за милион години, односно дека пештерската жена и видот на кој таа припаѓала всушност им претходеле на раните луѓе.
Ова значи дека видот постоел во исто време со мајмунот Луси, стар 3,2 милиони години, за кој долго време се сметало дека е видот од кој настанале најраните луѓе.