Во познатата германска тјунинг компанија, за доработка на основата користеле Mercedes-Benz C300 4Matic и турбодизелот C300d во попрактично вагонско пакување.
Додека светот чека одделот на Mercedes AMG да ја претстави најмоќната верзија базирана на неодамна претставената нова генерација на C-Class (W206), во Bottrop не губат време, па наместо да го чекаат новиот C63, тие подготвија за нивната клиентела две префинети верзии од актуелната понуда за C-Class.
Заедно со неколку јаглеродни компоненти на каросеријата чии подови се поблиску до земјата за дополнителни 30 милиметри, Brabus подготви и издувен систем со четирикратни издувни цевки за двете верзии на каросеријата на C-Class, со кој покажаа дека четири „топови“ може да има и C-класата која „не ја потпишува“ AMG.
Креацијата на Brabus на класичната каросерија со три волумени, која се крие зад ознаката B30, е создадена врз основа на Mercedes C300 4Matic.
Дволитарскиот четирицилиндричен турбо бензински мотор развива 300 КС и 450 Nm максимален вртежен момент наместо стандардните 258 КС и 400 Nm.
Максималната брзина и понатаму е (електронски ограничена) 250 km/h, но B30 достигнува 100 km/h за 5,8 секунди, 0,2 секунди побрзо од стандардната верзија.
За љубителите на дизел во попрактична каросерија, решението на Brabus се крие зад ознаката D30.
Дволитарскиот четирицилиндричен дизел мотор со два турбополначи што го придвижува Mercedes-Benz C300d има 306 КС и 600 Nm (41 КС и 50 Nm повеќе од стандардниот), а со дополнителниот потенцијал под предниот капак, „Wagon“ од 0 до 100 km/h оди за 5,6 секунди и развива 250 km/h.
На потенцијалните купувачи на Brabus моделите B30 и D30 им останува да изберат помеѓу неколку понудени алуминиумски бандажи со дијаметар од 18 до 20 инчи, а во Bottrop веќе нудат многу опции за украсување/персонализирање на ентериерот.
Поврзани артикли