Не е тајна дека Марк Цукерберг е длабоко вложен во VR технологиите, кои треба да бидат пресвртна точка кон преминот во метаверс. Мета моментално работи на голем број прототипови на VR уреди.
На пример, прототип на дисплејот, наречен Butterscotch, наводно му овозможува на оној кој го носи „удобно да ги чита дури и најмалите букви“, според Цукерберг. Мета го опишува овој уред како „живописен и реален како реалниот свет и е многу понапреден од традиционалните компјутерски екрани што моментално ги користиме“.
Мета неодамна покажа десетици прототипови на VR уреди на кои работи компанијата и ги нарекува временски машини. Повеќето од нив се големи и незгодни модели, создадени за тестирање.
„Мислам дека моментално сме на средина на голем чекор кон постигнување реализам. Не верувам дека ќе помине премногу време додека немаме можност да создадеме сцени кои се речиси совршено веродостојни“, истакна Цукерберг.
Кога станува збор за најперспективниот уред, тоа е Holocake 2. Станува збор за експериментален уред, кој е функционален, а наводно е полесен и потенок од VR уредите кои моментално постојат.
Holocake 2 користи холографски дисплеи и, според Цукерберг, веќе може да репродуцира компјутерски VR искуства. Изгледа хармонично, а спореди изгледот е меѓу кацига и очила, а според Мета има најкомпактна оптика.
Мета има за цел да ги имплементира и интегрира технологиите од сите свои VR прототипови во еден уред, во одреден момент во иднината.
Поврзани артикли