Instagram тестира нова верзија на feed-от на цел екран, што ќе овозможи скролањето низ објавите да изгледа и да делува како сличната функција на TikTok.
Марк Цукерберг на својот профил на Instagram Story објави преглед на тестот на споменатата функција, нагласувајќи дека новиот изглед наскоро ќе им биде достапен на одредени корисници.
?https://t.co/PE3oNberp4 pic.twitter.com/z6LWdMpcAE
— Instagram (@instagram) June 16, 2022
Апликацијата започна со тестирање на feed-от на цел екран минатиот месец, иако како дел од тоа тестирање, објавите не го окупираа во потполност целиот екран на апликацијата. Со најновата верзија, објавена од Цукерберг, објавите се шират до врвот на екранот, како што е на TikTok.
Новиот дизајн го менува и изгледот на кратенките за пристап до сандачето и создавање нови објави. Иако се работи за експеримент, новиот изглед е во согласност со целта на Мета да го направи Instagram платформа која е во конкуренција на TikTok.
На Instagram, компанијата се движи во насока на вметнување повеќе Reel и препорачани содржини во feed-от на корисникот, како и посветување поголемо внимание на видеото отколку на статичните слики.
„Фотографиите сè уште се важен дел од Instagram, а ние работиме на подобрување на начинот на кој тие се појавуваат во feed-от на цел екран“, рече Закерберг.