Во текот на следните неколку години, двата производители на автомобили ќе се борат за водечка улога во глобалната продажба на електрични возила, оставајќи го остатокот од автомобилската индустрија далеку зад себе, се вели во анализата.

Германскиот производител со години најавува дека еден ден има намера да продаде повеќе електрични автомобили од американската компанија. Според извештајот објавен од Bloomberg Intelligence, тоа конечно би можело да се случи во 2024 година.

Во текот на следните неколку години, двата производители на автомобили ќе се борат за водечка улога во глобалната продажба на електрични возила, оставајќи го остатокот од автомобилската индустрија далеку зад себе, се вели во анализата.

Со десет различни марки под своја контрола – кои се движат по цена и престиж, од Volkswagen (марка) до брендот Bentley – VW Group може да продава широк спектар на електрични модели на пазарите ширум светот, како што се Audi e-Tron, VW ID. 3, VW ID.4 SUV и Porsche Taycan, пренесува investitor.me.

Продажбата на сите марки на Volkswagen Group се очекува да порасне во следните неколку години. Од друга страна, ограничената линија на модели на Tesla ја прави компанијата инфериорна во однос на понудата и цените на Volkswagen.

Два пазари, Кина и Европа, ќе бидат особено важни во трката меѓу двете компании во следните неколку години. Регулативите на двата од овие пазари во голема мера ги фаворизираат електричните возила.

Според извештајот на Bloomberg, до 2025 година се очекува електричните возила да учествуваат со 25% од вкупната продажба на автомобили во Кина и 20% во Европа. Volkswagen, со седиште во Германија и неколку фабрики низ Европа, веќе е пред Tesla во продажбата на електрични возила на Стариот континент.

Меѓутоа, во Кина, Volkswagen во моментов е далеку зад Tesla во продажбата на електрични возила, заземајќи само 3,5% од пазарот на електрични возила таму минатата година. Tesla имаше удел од 13% во продажбата на електрични возила во Кина во 2021 година.

Интересно е што дури 55% од продажбата на електрични возила во Кина доаѓа од голем број помали, главно кинески, производители на автомобили.

Моделите на електрични автомобили во моментов сочинуваат само 11% од вкупната продажба на автомобили во Кина, но регулативите ставаат голем товар на производителите на автомобили кои не продаваат електрични возила, додека ги наградуваат оние што продаваат, така што се очекува тој процент брзо да расте.