Марк Цукерберг и другите функционери на Meta јасно ставаат до знаење дека натпреварувањето со платформата TikTok е нивен приоритет, а сега се познати повеќе детали за тоа како имаат намера да го сторат тоа.
Социјалната мрежа Facebook работи на голем редизајн на главниот feed кој значително би ја нагласил препорачаната содржина на страници, креатори и луѓе кои корисникот не ги следи.
Според првиот човек задолжен за апликацијата Facebook во Meta, Том Алисон, целта е да се префрли Facebook на „Discovery Engine“ кој во голема мера би се потпирал на препораки, нешто слично на feed-от For You на TikTok. Препораките главно ќе потекнуваат од „неповрзани“ содржини, вклучително и „Reels“, а корисниците ќе гледаат помалку објави од пријателите и членовите на семејството во нивните feed-ови. Планот вклучува и враќање на сандачето на Месинџер во апликацијата Facebook за да ги поттикне корисниците да споделуваат повеќе содржини од гореспоменатиот „Discovery Engine“.
Засега не е познато колку време ќе и треба на Meta да ги спроведе овие промени. Сепак, некои слични промени веќе се случуваат на Инстаграм. Ова не е прв пат претставници на Meta да навестуваат големи промени во апликацијата Facebook, ниту пак првпат слушаме за претстојниот пресврт од социјалната мрежа во „Discovery Engine“.
Цукерберг во април рече дека компанијата е во средина на „голема промена“ која ќе ја промени динамиката на feed-от за да ги нагласи препораките поттикнати од вештачката интелигенција во однос на социјалните графикони на корисниците.
Зборовите на Алисон јасно покажуваат колку се важни новите приоритети за компанија која очајно се обидува да го достигне TikTok.
Сепак, преместувањето кон повеќе препораки може да биде проблематично за компанијата. Тековните алгоритми за препораки беа критикувани за искористување на поделбите и промовирање на дезинформации. Алисон изјави за The Verge дека ќе има построги правила за препорачаната содржина, но компанијата често имала проблеми со спроведувањето на сопствените правила. Тој рече дека компанијата го менува начинот на кој гледа на својата посветеност да ги намали „негативните искуства“.
„Намалувањето на негативните искуства повеќе не е приоритет на производот бидејќи е посоодветно поврзано со културата на производот што се обидуваме да ја изградиме преку нашиот пристап да бидеме доверливи, ориентирани кон луѓето и обединети. Нашиот фокус е да го направиме ова холистички во сите наши производи како постојан дел од нашата култура, наспроти краткорочниот приоритет“, заклучи Алисон.
Поврзани артикли