Според аналитичката компанија TrendForce, сите четири модели на iPhone 14 кои се очекуваат подоцна во текот на годината ќе бидат опремени со 6GB RAM.
Се вели дека моделите на iPhone 14 Pro да бидат опремени со побрза и поекономична LPDDR5 меморија, додека стандардните iPhone 14 и iPhone 14 Max ќе го задржат типот на меморија LPDDR4X.
Доколку извештајот се покаже како точен, се очекува следната споредба помеѓу моделите на iPhone 13 и iPhone 14:
iPhone 13 mini: 4GB (LPDDR4X)
iPhone 13: 4GB (LPDDR4X)
iPhone 13 Pro: 6GB (LPDDR4X)
iPhone 13 Pro Max: 6GB (LPDDR4X)
iPhone 14: 6GB (LPDDR4X)
iPhone 14 Max: 6GB (LPDDR4X)
iPhone 14 Pro: 6GB (LPDDR5)
iPhone 14 Pro Max: 6GB (LPDDR5)
Извештајот се совпаѓа со информациите што претходно ги објави аналитичарот Минг-Чи Куо, кој тврди дека сите четири модели на iPhone 14 ќе бидат опремени со 6 GB RAM и дека моделите на iPhone 14 Pro ќе бидат надградени до LPDDR5.
Дополнително, TrendForce сугерира дека iPhone 14 Pro ќе пристигне со почетни 256 GB простор за складирање на податоци, во споредба со 128 GB колку што имаа моделите на iPhone 13 Pro, но останува да се види дали тоа ќе се оствари.
Поврзани артикли