Минатата година, по објавувањето на новиот графички процесор MI250X, AMD ги претстави плановите за лансирање на првиот суперкомпјутер кој ќе ја пробие границата на exaflop кога станува збор за брзината на работата.
Шест месеци подоцна, тоа достигнување беше постигнато, а третата генерација EPYC процесори на AMD и графичките процесори MI250X го покренуваат Oak Ridge National Laboratory „Frontier“ суперкомпјутерот.
Суперкомпјутерот Frontier сега е рангиран како најсилниот систем и на листите Top500 и Green500. Системот е способен да постигне 1102 exaflop перформанси и 62,68 gigaflop по вати кога станува збор за потрошувачката.
Сето ова го прави Frontier најбрзиот и најефикасен суперкомпјутер во светот денес.
Интересно е што Frontier не е единствениот суперкомпјутер со хардвер AMD. Половина од Топ 10 најбрзи суперкомпјутери користат AMD хардвер, вклучувајќи го и првиот и третиот најбрз.