Група инженери од Универзитетот Нортвестерн го развиле најмалиот робот со далечинско управување што може да оди. Роботот рак е широк само половина милиметар, но може да се витка, да ползи, да оди, да се врти, па дури и да скока.
Роботот рак, дизајниран од инженери, е толку мал што може да стои на работ на паричка, а сепак може да врши движења преку далечински управувач. Истражувачите се надеваат дека нивната технологија може да го доближи полето на роботиката до создавање микророботи, кои можат да извршуваат задачи во затворени простори.
„Роботиката е возбудливо поле на истражување, а развојот на роботи во микро размери е забавна тема за академско истражување“, рече Џон А. Роџерс, кој ја предводеше експерименталната работа на проектот.
„Можете да ги замислите микророботите како сервисери или склопуваат мали структури или машини во индустријата или како хируршки асистенти за чистење на затнати артерии, за запирање на внатрешното крварење или за отстранување на канцерогени тумори, сето тоа во минимално инвазивни процедури“.
Силата на овој робот рак лежи во еластичноста на неговото тело. За да го конструираат роботот, истражувачите користеле легура на материјал кој се трансформира во неговата „запаметена“ форма кога ќе се загрее. Ласерот далечински го контролира роботот за да го активира и одредува во која насока ќе оди роботот.
„Бидејќи овие структури се толку мали, стапката на ладење е висока“, објасни Роџерс.
„Всушност, намалувањето на големината на овие роботи им овозможува да трчаат побрзо“.
Поврзани артикли