Првиот „крипто сателит“ беше лансиран во орбитата благодарение на SpaceX.

SpaceX успешно ја заврши својата петта мисија за лансирање на мали сателити наречена Transporter-5 од вселенскиот центар Кејп Канаверал во Флорида. Набргу откако товарот беше испратен на патување во ниската орбита на Земјата, првата фаза од ракетата Фалкон 9 се врати на земјата.

Ова е прва мисија во која SpaceX лансираше крипто сателит, а познато е дека директорот на компанијата Илон Маск е многу „вклучен“ во криптовалутите.

Станува збор за сателит наречен Crypto-1, дизајниран од американскиот стартап Cryptosat и е основа за безбедна криптографија поврзана со блокчејн во вселената.

Станува збор за мал сателит со големина на шолја за кафе, а со оглед на фактот дека е „недопирлив“ во вселената и ќе пренесува отворени комуникации, никој не може да го загрози, а секој со антена ќе може да ги следи неговите преноси. Ќе се користи за лансирање на безбедни блокчејн и Web3 платформи.

Cryptosat веќе изврши неколку тестови на Меѓународната вселенска станица за да ја истражи безбедноста на податоците во вселената, а во март беше тестиран протоколот Drand, првиот јавно проверлив сигнал.

Споменатиот сателит го сподели своето „патување“ со ракетата Фалкон 9 со различен експериментален товар и вселенски летала.